Претходна статија
Нема ниту најава за градење на хидроелектраната „Чебрен“
Следна статија
Спортско - рекреативен комплекс ќе се гради во општина Аеродром

Спортска сала за Домот за деца без родители „11 Октомври“

Објавено на 29.04.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Долгонајавуваниот проект за изградба на спортска сала во Домот за деца без родители „11 Октомври“ во скопската општина Центар конечно постанува реалност. Штитениците од овој дом за две години треба да добијат објект во кој ќе ги реализираат спортските активности. Агенцијата за млади и спорт денеска го распиша огласот за пронаоѓање градежна компанија што ќе ја гради спортската сала по принципот „клуч на рака“. Проценетата вредност на идниот објект изнесува 25.423.728 денари или над 400.000 евра, без вклучен ДДВ.

 

 

Заинтересираните градежни компании за учество на тендерот имаат рок до 21 мај да ги достават своите понуди, за кога е закажано и нивното јавно отворање. Откако ќе се избере најповолниот понудувач, Агенцијата за млади и спорт ќе пристапи кон изградба на спортската сала.

 

 

Бојан Блажевски