Претходна статија
Спортска сала за Домот за деца без родители „11 Октомври“
Следна статија
Архитектонскиот факултет организира изложба во Битола

Спортско – рекреативен комплекс ќе се гради во општина Аеродром

Објавено на 29.04.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Министерството за транспорт и врски денеска објави оглас за продажба на градежна парцела со површина од 23.285 метри квадратни во скопската општина Аеродром, наменета за спорт и рекреација. На земјиштето е предвидено да се реализира спортско – рекреативен комплекс на приземје и три ката, со бруто развиена површина од 80.348 метри квадратни. Објектот може да содржи и простории за комерцијални и деловни дејности, здравство и социјална заштита. Почетната цена изнесува 2.032 денари за метар квадратен. Заинтересираните инвеститори треба да ги достават своите понуди најдоцна до 1 јуни до Министерството за транспорт и врски, а електронското наддавање ќе се одржи на 8 јуни. Најповолниот понудувач ќе има рок од 12 месеци за да обезбеди одобрение за градба.