Претходна статија
Пет станбени згради во Прилеп со подобрена енергетска ефикасност со помош на „Хабитат“ и УСАИД
Следна статија
Удобноста во домот – една од поважните компоненти за квалитетен живот

ГИМ ќе го проектира експресниот пат Штип – Кочани

Објавено на 23.04.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#На вториот тендер за избор на проектантско биро што ќе го проектира експресниот пат (полуавтопат) Штип – Кочани, како единствен понудувач победил Градежен институт „Македонија“ АД Скопје (ГИМ). Се работи за надградба на постоечкиот магистрален пат помеѓу овие два града, во должина од 26 километри. Вредноста на потпишаниот договор со ЈП за државни патишта изнесува 23.600.000 денари, односно 384 илјади евра. За изработка на проектната документација ГИМ има на располагање 10 месеци. Потребните финансии за изведба на експресниот пат се веќе обезбедени преку неодамна подигнатиот заем во висина од 160 милиони евра од Европската банка за обнова и развој. Предвидено е сегашниот магистрален пат од Штип до Кочани да се реконструира и прошири, после што коловозот би имал две коловозни ленти за возење широки по 3,5 метри и две ленти за застанување широки по 2,45 метри.