Претходна статија
2,4 милиони евра за реконструкција на болници
Следна статија
Студентите од Архитектонски факултет утре ќе предаваат за ГТЦ

Градежниците од Балканот заинтересирани за заеднички настап на странските пазари

Објавено на 07.04.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Здруженијата за градежништво од коморите на Хрватска, Босна и Херцеговина, Република Српска и Македонија денеска во Скопје потпишаа спогодба за поттик на заедничкиот настап на странските пазари во рамките на одржаната тркалезна маса „Регионална соработка и заеднички настап на градежниот сектор на трети пазари“ што се одржа во Стопанската комора на Македонија. Претставниците од Словенија и од Црна Гора во наредниот период ќе ја потпишат истата спогодба. Овој документ ќе ги постави рамките за заедничка соработка и ќе биде основа за продолжување и зацврстување на соработката меѓу компаниите.

 

* Извор на фотографија: Стопанска комора на Македонија

 

Балканските градежни компании на денешната средба истакнаа дека се залагаат за поврзување и меѓусебно препознавање на потенцијалите со кои тие располагаат, но и за заеднички настап на тендери кои се однесуваат за територијата на земјите од регионот. Следејќи ја оваа насока, учесниците на денешната тркалезна маса го поддржаа предлогот за формирање база на податоци на компаниите од сите држави кои се заинтересирани за соработка, како што се: референците, расположливите средства, стручниот кадар и сите податоци кои се потребни при исполнување на условите при објавувањето на тендери.