Претходна статија
Земјиште за изградба на куќи и хотел се продава во Берово
Следна статија
Наместо во подземна гаража, паркирање во парк кај МОБ

Нова продажба на градежни парцели на езерото Козјак

Објавено на 31.03.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Општина Македонски Брод понуди на продажба 45 градежни парцели со површина од 300 до 500 метри квадратни, по почетна цена од 61 денари за метар квадратен во викенд – населбата „Близанско“, на крајбрежјето на езерото Козјак. Локалната самоуправа продава и три градежни парцели од околу 75.000 метри квадратни за изведба на фотоволтаични електрани кај селото Инче. Почетната цена на сите огласени парцели е 61 денари за метар квадратен, а електронското јавно наддавање е предвидено да се одржи на 7 и на 8 мај. Во изминативе неколку години на езерото Козјак беа продадени преку 270 градежни парцели, на кои веќе се изградени викенд – куќи, а во претстојниот период се очекува да продолжи градежната експанзија на оваа атрактивна локација.