Во Арачиново денеска беше предаден во употреба реконструираниот ободен канал, со кој трајно е решен проблемот со загадувањето од отпадни води во ова населено место. Каналот за отпадни води е долг околу 2.000 метри, од кои на отворениот бетонски дел му припаѓаат 788 метри. Од буџетот на надлежното министерство во проектот беа вложени 89 милиони денари. Реконструкцијата на ободниот канал започна кон средината на јуни 2013 година. На денешниот настан присуствуваа министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и градоначалникот на општина Арачиново Брахим Ајвази.