Претходна статија
На 26 април референдум за зачувување на ликот на ГТЦ
Следна статија
Објекти на улица „Македонија“ ќе преминат во „барок“

Почна изградбата на пешачки натпатник меѓу Хиподром и Инџиково

Објавено на 18.03.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски денеска го означи почетокот на градежните работи за изведба на пешачки натпатник преку автопатот Скопје – Петровец, што ќе ги поврзе населбите Хиподром и Инџиково во општина Гази Баба. „Градот Скопје на оваа локација сега ќе изгради челичен натпатник со бетонски столбови, челични скали и челични рампи, кој ќе овозможи безбеден премин на пешаци, пешаци со велосипеди и лица со посебни потреби“, изјави градоначалникот Трајановски.

 

###

 

 

Натпатникот ќе биде долг 63 метри, широк 5,4 метри, додека површината за движење ќе биде широка 3,1 метри. По неговата должина ќе биде поставена ограда висока 2 метра, изработена од челични профили и челична мрежа, како и конзоли за инсталации. На двете страни од оградата ќе се постават две електронски информативни табли и натпатникот ќе биде осветлен со 12 канделабри. За реализацијата на овој проект се предвидени финансии во висина од 38 милиони денари. Изготвувач на техничката документација е „Давос инвест“, а изведувач на градежните работи е фирмата „Бауер БГ“, која треба истите да ги комплетира во рок од 9 месеци.