Претходна статија
„Југохром“ ќе ја гради неопходната филтер станица
Следна статија
Сеопшт молк за најавениот „барок“ во комплексот факултети на УКИМ

Скопски „Бетон“ лани ја зголемил добивката за 44%

Објавено на 13.03.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Позитивно финансиско работење на градежната компанија „Бетон“ од Скопје во 2014 година. Една од најголемите македонски фирми во градежниот сектор лани остварила добивка од 67.162.000 денари или околу 1,1 милион евра, односно за 44% повеќе во споредба со претходната година. Според објавениот неконсолидиран и неревидиран извештај, оперативната добивка во изминатите 12 месеци изнесувала 89.599.000 денари, што претставува зголемување од 14% во однос на 2013 година. Оперативните расходи од работењето на скопски „Бетон“ пораснале за 10% во текот на 2014 година и истите достигнале 3.088.659.000 денари, додека оперативните приходи се задржале на речиси идентично ниво во споредба со периодот јануари – декември 2013 година. Најголем раст кај приливот на финансиски средства е забележан во делот на приходи од вложувања, заеми, камати и курсни разлики.