Претходна статија
Презентиран проектот за воведување Регистар на цени на недвижностите
Следна статија
Скопски „Бетон“ лани ја зголемил добивката за 44%

„Југохром“ ќе ја гради неопходната филтер станица

Објавено на 13.03.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Фабриката за производство феролегури „Југохром“ од тетовското село Јегуновце ја започна имплементацијата на проектот за изградба на постројка за прочистување на издувните гасови од производството. Инвестицијата предвидува изградба и опремување на три филтер станици, кои е предвидено да се завршат до крајот на годинава. Постројката ќе ја задржи прашината која се создава со производството на феросилициум и ќе се прочистува чадот кој се испушта од фабриката до ниво на концентрација на ПМ 10 честички од 10 mg/m3. Раководните органи од „Југохром“ наведуваат дека на градежните активности ќе бидат ангажирани домашни компании. Покрај заштита на животната средина, реализацијата на проектот ќе отвори нови работни места во овој индустриски капацитет.