Претходна статија
Се крчка реконструкција на паркот Жена борец
Следна статија
Главната пошта во Скопје влегува во агендата за реконструкција

Софија од денес домаќин на интересна саемска манифестација

Објавено на 11.03.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Бугарската метропола од денес до 13 март ќе биде домаќин на 11-тата по ред манифестација Саеми и конференции за Југоисточна Европа, која ги обединува следниве тематски насоки: „Smart Cities“ (паметни градови), „Енергетска ефикасност и обновлива енергија“ и „Save the Planet“ (управување со отпад и рециклирање). На саемската манифестација учествуваат изложувачи од 22 држави. Од тимот на Виа Експо велат дека годинашното издание бележи тренд на силно учество на странски компании, кои имаат севкупен удел од 46% од вкупниот број на изложувачи. Македонски компании не учествуваат на овој саем, но организаторите ги повикуваат сите заинтересирани лица од земјава да го посетат софискиот саем.

 

 

 

Во рамките на „Save the Planet“, изложувачите ќе претстават решенија за рециклирање, искористување, собирање, транспорт и третман на различни видови на отпад. Саемската манифестација го поттикнува интересот кон темата за паметни градови. Изложувачите ќе покажат решенија за автоматизација и контрола на осветлувањето, греењето, ладењето, климатизацијата и безбедноста. „Smart Cities“ нуди алтернативи за подобрување на сообраќајот, контрола на пристап и паркирање, но и ги популаризира методите на претворање на традиционалниот автомобил во електричен.

 

Предавачи од познати европски асоцијации и институции ќе презентираат прашања кои се поврзани со добри практики, законодавни иницијативи, технолошки иновации и финансиски инструменти. Сесиите „Кружна економија“ и „Иднината на топлификациите во Европа“ ќе предизвикаат интерес од страна на бизнисот и општините кон заеднички инвестициски проекти. Паметни мрежи, проекти за згради со ниска потрошувачка на енергија, организација на транспортните текови, одржливост на градовите и влијанието на климатските промени врз нивната инфраструктура, ќе бидат дел од другите застапени теми во програмата заклучно со 13 март.