Претходна статија
Главната пошта во Скопје влегува во агендата за реконструкција
Следна статија
Половина милион евра за реконструкција на седум училишта низ Македонија

ФФМ ќе помогне во реконструкцијата на стадионот во Тетово

Објавено на 11.03.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Тетово и Фудбалската федерација на Македонија ќе работат заедно на најавената реконструкција на градскиот стадион во Тетово. Договорот за регулирање на меѓусебните обврски при изведување на работите веќе е потпишан, со кој се предвидува реконструкција на фудбалскиот терен и поставување на природна трева, како и поставување рефлектори за одигрување на ноќни натпревари. Градскиот стадион од Тетово, заедно со уште четири поголеми фудбалски игралишта во земјава, е внесен во проектот „Хет Трик 4“ на УЕФА. Идниот современ стадион би бил адекватен за одигрување на меѓународни натпревари, поради тоа што со најавениот санационен зафат ќе се задоволат строгите критериуми на УЕФА.

 

* извор: www.stadiontour.at

 

Од ФФМ ќе потрошат околу 800.000 евра за зафатот. Од друга страна, локалната самоуправа од Тетово треба да изгради покриена трибина со капацитет од минимум 5.000 столчиња и да го реконструира подтрибинскиот простор, каде треба да се изведат соблекувални и други пропратни простории. Фудбалската јавност ја чека реконструкцијата на градскиот стадион во Тетово речиси три децении.