Претходна статија
Во јануари со помалку предвидени станови за градење
Следна статија
Реконструкцијата на железничките станици почнува во април

Продажба на државно градежно земјиште во скопско Орешани

Објавено на 06.03.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за транспорт и врски објави оглас за отуѓување на 18 градежни парцели во скопското село Орешани за изградба на објекти од лесната и незагадувачка индустрија, стоваришта, комерцијални и деловни објекти, како и за бензинска станица. На инвеститорите им се нудат локации за градење со површина од 1.776 до 6.406 метри квадратни. Идните индустриски објекти ќе имаат максимална висина од 10,5 метри со приземје и два ката. Земјиштето за бензинската станица се продава по почетна цена од 130 денари за метар квадратен, додека вредноста на останатото земјиште е проценета на 250 денари за метар квадратен.

 

Пријавите за учество на електронското јавно наддавање треба да се достават најдоцна до 7 април, додека лицитацијата ќе се одржи на 14 и на 15 април. По купувањето на земјиштето, инвеститорите ќе имаат рок од девет месеци за да обезбедат одобренија за градење, односно 12 месеци за оние објекти што имаат површина поголема од 5.000 метри квадратни.