Претходна статија
Започнаа Саемот за градежништво и Саемот за недвижности 2015
Следна статија
„Адора инженеринг“ ќе го гради „барокниот“ објект во Кисела Вода

Нова клучка на скопската обиколница кај Смилковци

Објавено на 03.03.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Клучка СмилковциДенеска беше поставен камен – темелник за изградба на нова клучка на скопската обиколница кај селото Смилковци, инвестиција вредна 650 илјади евра. Екипите на градежната компанија „Жикол“ од Струмица ќе работат на изведба на овој инфраструктурен објект, кој според надлежните ќе им го скрати патувањето до центарот на Скопје за 10 километри на околу 8.000 жители . Директна корист од клучката ќе имаат жителите на селата Смилковци, Црешево, Виниче, Булачани, Раштак и Стајковци, а нејзината изградба е предуслов и за реализација на планираниот спротско – рекреативен центар „Гази Баба“ кај железарските езера. Очекувањата се дека проектот ќе се комплетира во рок од една година. Долж скопската обиколница досега функционираа девет клучки.

 

 

» Форумска дискусија за северната скопска обиколница