Претходна статија
Реконструирана и надградена битолската универзитетска библиотека
Следна статија
Изградбата на ХЕ „Бошков мост“ ставена под знак прашање

До крајот на годинава Штип ќе добие мултимедијален центар

Објавено на 23.02.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Штипската фирма „Актива“  ќе го гради мултимедијалниот центар во Штип [»мапа]. Центарот за развој на источниот плански регион и „Актива“ денеска потпишаа договор за изградба на објектот кој се реализира во рамки на проектот „Вмрежување на мултимедијални центри во прекуграничниот регион – CREATIVA“, финансиран преку ИПА програмата за прекугранична соработка на ЕУ. На локацијата на некогашното летно кино во градот, ќе се гради нов објект во кој е планирано да се одржуваат разновидни културно – уметнички манифестации. Вредноста на ЕУ проектот изнесува 448.840 евра, од кои општина Штип ќе добие 300.000 евра, додека бугарската општина Гоце Делчев 148.000 евра.

 


* Извор на фотографија: Општина Штип

 

 

Штипскиот градоначалник Илчо Захариев е задоволен од реализацијата на мултимедијалниот центар. „Ова е проект преку кој ќе создадеме трајно дело за градот и ќе ја урбанизираме локацијата која порано беше дувло за наркомани. Со изградбата на овој објект, ќе имаме нешто што ќе биде на користење за идните генерации и кој ќе биде посветен на младите“, изјави Захариев. Локалната самоуправа ќе учествува со дополнителни 50% од средствата потребни за изградбата.

 

Мултимедијалниот центар ќе почне да се гради во март, додека свеченото отворање на новиот објект е предвидено да се одржи кон крајот на декември годинава.