Јавното претпријатие за државни патишта склучи два нови договори со градежната компанија „Бетон“ од Скопје за рехабилитација на локални патни правци во скопскиот, северниот, полошкиот и југозападниот регион од земјава. Според објавеното известување на веб страницата на Македонска берза, станува збор за четвртата фаза од договорите за реконструкција на локални патишта од ЛОТ 1 и ЛОТ 2 програмите. Од државниот буџет за подобрување на македонската патна инфраструктура во овие региони се предвидени 191.714.135 денари или околу 3,1 милиони евра, без вклучен ДДВ.