Претходна статија
Скопски „Бетон“ ќе реконструира локални патишта во земјава
Следна статија
До крајот на годинава ќе заврши санацијата на Спомен - костурницата во Велес

За 160.000 барања за легализација не се поднесени елаборати

Објавено на 20.02.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески денеска упати апел до граѓаните кои немаат направено геодетски елаборати до јуни да се обратат до геодетските фирми за да имаат време да се направат, затоа што е огромна бројката на елаборати кои не се направени, а мала е бројката на геодетски фирми. Од оваа институција посочуваат дека декември 2015 година е крајниот рок до кога граѓаните треба да ги достават изготвените елаборати до општините, а не рок во кој тие треба да појдат кај геодетските фирми. „Самиот процес започна во 2011 година, за четири години приватните фирми направиле 200.000 елаборати. Ни остануваат уште 10 месеци, а треба да се направат уште 160.000 елаборати. Вкупно има 149 приватни геодетски фирми“, истакна директорот на Катастарот Славче Трпески.