Претходна статија
Архитектонска изложба во битолската Автономна зона
Следна статија
Реконструиран ентериерот на Театарот за деца и младинци

„Спомен домот на Тоше Проески“ со уште една архитектонска награда

Објавено на 20.02.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Идејното решение за „Спомен домот на Тоше Проески“ во Крушево ја доби архитектонската награда „Милан Злоковиќ“ за најдобро архитектонско дело во регионот, соопшти Министерството за култура. Ова престижно признание денеска беше доделено во рамките на годишната изложба на Асоцијацијата на српски архитекти, од меѓународно жири составено од претседателите на сите балкански асоцијации на архитекти. Проектантското биро „Синдикат студио“, кој е автор на идејното решение наградата ја дели со романските колеги кои се автори на проектот за „Станбен комплекс во Букурешт“, кој е номиниран и за Европската награда за архитектура „Mies van der Rohe“.

 

 

 

Во 2011 година, „Спомен домот на Тоше Проески“ ја освои и престижната награда People’s Choice Award за најдобро архитектонско дело на Меѓународниот фестивал за архитектура во Барселона, во конкуренција на 704 објекти од целиот свет. Истата година, авторите на ова маркантно здание се стекнаа и со Годишната награда на Асоцијацијата на архитекти на Македонија за најуспешно архитектонско дело во Република Македонија.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект