Претходна статија
Ќе се гради ли „барокната“ катна гаража кај Автомакедонија?
Следна статија
Помали комуналии за „барок“ на плоштадот „Македонија“

Нова донација за споменик во Скопје од Егејското здружение

Објавено на 19.02.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Не мирува Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин во Македонија. Откако минатата година успеа да донира дури пет споменици во центарот на Скопје, ова малку познато здружение ќе му подари на главниот град уште еден споменик, овој пат посветен на македонските бегалци од Граѓанската војна во Грција во 1948 година. Локацијата на која ќе никне спомен обележјето е непозната, исто како и нејзиниот автор и висината на финансиските средства што здружението ќе ги одвои за него. Во корист на оваа идеја, Советот на град Скопје донесе одлука за со која се овозможува поставување на споменикот.

 

 

 

Со измените во Програмата за одбележување на значајни настани и истакнати личности, советниците денеска ја прифатија и идејата за изведба на спомен обележје посветено на жртвите од Холокаустот. Истото ќе биде донирано од Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, кој го достави до Градот Скопје ваквиот предлог.