Република Македонија ќе позајми 50 милиони евра од Европската инвестициска банка за финансирање на проектот „Водоснабдување и одведување на отпадни води“. Проектот ќе го спроведува Министерството за транспорт и врски преку општините, а висината на средствата што ќе ги добијат единиците на локалната самоуправа зависи од бројот на населението, површината и бројот на населени места. Рокот за отплата е 25 години со 5 години грејс период и варијабилна каматна стапка која ќе се движи во тесен распон околу 1,3 посто. Заемот ќе се повлекува во најмногу 20 транши, а минималниот износ на една транша е 2 милиони евра.