Претходна статија
„Барокот“ на ГТЦ не чека!
Следна статија
Градот Скопје се подготвува за реконструкција на Кејот на Вардар

Се продаваат локации за изградба на винарии во неготинскиот регион

Објавено на 16.02.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Општина Неготино продава земјиште во месноста Курија наменето за изградба на винарски визби. На понуда се пет градежни парцели со површина од 1.490 до 7.020 метри квадратни, по почетна цена од 61 денари за метар квадратен. Вкупната површина на огласеното земјиште изнесува 16.680 метри квадратни. Објектите се со предвидена висина од приземје и два ката. Пријавите за учество на електронското јавно наддавање треба да се достават најдоцна до 19 март, а самата лицитација ќе се одржи на 23 март. Доколку продажбата биде успешна, идните инвеститори ќе имаат рок од девет месеци за да обезбедат градежна дозвола за нивните објекти со површина до 5.000 метри квадратни, односно 12 месеци за оние со предвидена квадратура поголема од 5.000 метри квадратни.