Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство во периодот јануари – декември 2014 година изнесува 6.363.706.000 денари (10,3 милиони евра), што е за 27,7% повеќе во споредба со 2013 година. Според Државниот завод за статистика, домашната градежна оператива во наведениот период на странските пазари извршила градежни работи во вкупна вредност од 994.215.000 денари (1,6 милиони евра), или 48% помалку во споредба со претходната година. Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Италија, Хрватска, Швајцарија и Србија, додека на другите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари се јавуваат Косово, Австрија, Албанија и Црна Гора.