Претходна статија
Жерновски ќе го бара државното земјиште од Груевски
Следна статија
Лавина критики за изградбата на луксузна населба во Студенчишко блато

Има интерес за градење угостителски објект на малото пристаниште во Охрид

Објавено на 10.02.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Две сериозни компании ги доставиле своите бизнис планови за изградба и користење на малото пристаниште во Охрид, вклучувајќи го и најавениот угостителски објект. По осознавањето на фактот дека има интерес за инвестирање во овој проект, од охридската локална самоуправа во моментов работат на подготовка на физибилити студија, по што би следувало и објавување на повик за воспоставување на јавно – приватно партнерство за реализација на проектот. Идниот најповолен понудувач ќе треба целосно да го санира пристаништето изградено кое датира од 1959 година, а ќе може да изгради угостителски локал со кој ќе стопанисува.

 

 

 

Основниот проект за реконструкција на малото пристаниште во Охрид допрва ќе се изработува, врз основа на веќе изготвеното идејно решение на Павлина и Андреј Бундоски и Васко Крстески. Од Општината наведуваат дека најавениот проект ќе се вклопи во просторот, влијаејќи минимално на околината и на езерото.