Претходна статија
Во струшко Калишта и во Дојран ќе никнат туристички развојни зони
Следна статија
Има интерес за градење угостителски објект на малото пристаниште во Охрид

Жерновски ќе го бара државното земјиште од Груевски

Објавено на 09.02.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски ќе побара прием кај премиерот Никола Груевски за да го праша од кои причини оваа скопска општина не може да ја добие дозволата за управување со градежно земјиште во сопственост на државата, иако се работи за нејзино право во согласност со законската легислатива. На денешната седница на Советот на општина Центар е донесена одлука за формирање делегација, која заедно со градоначалникот ќе го посети премиерот.

 

 

 

Општина Центар цела година чека одговор од извршната власт во однос на поднесеното барање за добивање во владение на градежното земјиште, кое е доставено во февруари 2014 година. Градоначалникот Жерновски вели дека не е тешко да се открие зошто централната власт продолжува со продажба на парцелите на територијата на оваа општина. Тој наведе дека парцели на други локации во Скопје се продаваат по неколкукратно повисока цена, додека на електронското јавно наддавање во Центар најчесто се јавува само еден инвеститор заинтересиран за атрактивните локации за градење.

 

По изгласувањето на одлуката за оформување на делегација за средба со премиерот, од општина Центар истакнаа дека ќе испратат уште едно барање до Министерството за транспорт и врски, во кое ќе биде вметната и Програма за управување со неизграденото градежно земјиште на територијата на општина Центар за 2015 година. Надлежното министерство минатата недела продаде атрактивна парцела во Градскиот парк за само 40 евра за метар квадратен, а во тек е пријавувањето за отуѓување на уште парцела за изградба на деловен објект во барокен или класицистички стил под Скопското кале.