Претходна статија
Распишан тендер за ентериерно уредување на палатата „Панко Брашнаров“
Следна статија
ЕЛЕМ бара чаре на хартија за загадувањето од РЕК „Битола“

Повторно субвенции за поставување сончеви колектори

Објавено на 26.01.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за економија денеска објави оглас за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени сончеви термални колекторски системи во домаќинствата. Идентично како и минатите години, државата ќе додели субвенции во висина од 6 милиони денари на оние граѓани кои ќе постават сончеви колектори во своите домови. Апликациите е предвидено да се достават најдоцна до 31 мај. Субвенцијата е до 30 отсто од целокупниот трошок, но не повеќе од 300 евра во денарска противредност.

 

За барање повраток на дел од вложените финансиски средства можат да аплицираат оние граѓани кои досега не добиле ваква субвенција во периодот од 2007 до 2014 година. Јавното извлекување на лицата што ќе се стекнат со право на субвенции ќе се одржи на 6 јуни во спортскиот центар „Борис Трајковски“. Покрај барањето, секој граѓанин треба да достави фискална сметка и фактура со извод од деловна банка како докази за извршено купување на колекторскиот систем.

 

 

Бојан Блажевски