Претходна статија
Едно паркинг место во скопските катни гаражи чини и по 50 илјади евра
Следна статија
ФОТО ВЕСТ: Бавно тече реконструкцијата на пругата Куманово - Бељаковце

Тендер за изградба на нов парк во Аеродром

Објавено на 22.01.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Општина Аеродром денеска објави тендер за избор на градежна компанија што ќе го изведува новиот парк спроти „Мајчин дом“. Овој простор за граѓаните ќе заземе површина од 2.319 метри квадратни и ќе се содржи езеро со фонтани и водопади, река и детско игралиште. Покрај старите дрвја, на локацијата ќе се засади и ново зеленило. Проценетата вредност на новиот парк изнесува 33.898.000 денари или околу 550 илјади евра, без вклучен ДДВ. Победничката градежна компанија ќе биде задолжена да го реализира проектот во период од 12 месеци. Заинтересираните фирми треба да ги достават своите понуди најдоцна до 13 февруари, за кога е закажано и нивното јавно отворање.