Претходна статија
Целиот плоштад „Македонија“ затворен поради реконструкција
Следна статија
Гази Баба сака општинска зграда во стилот на „Скопје 2014“

Ќе бидат реконструирани болниците во Битола и Прилеп

Објавено на 15.01.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во претстојнава година ќе стартува реконструктивниот зафат врз болничките згради на Клиничкиот центар „Д-р Трифун Пановски“ во Битола и на Болницата во Прилеп. Министерството за здравство е во потрага по изготвувачи на проектната документација потребна за реновирање и адаптација на објектите на двете здравствени установи, што според нивната проценка ќе го чини државниот буџет околу 3,7 милиони денари. Најдоцна до почетокот на февруари ќе бидат познати избраните проектантски бироа, а самата реконструкција треба да заврши во текот на 2016 година.

 

Кон крајот на минатата година, министерот за здравство Никола Тодоров изјави дека во 2015 година ќе се работи на реконструкција на болниците во Битола и Прилеп, како и на изградба на нов Ургентен центар во Куманово. Во битолскиот Клинички центар ќе се изведува нова енергетски ефикасна фасада, ќе се постават нови прозорци, ќе се менуваат лифтовите и ќе се реновираат тоалетите. Според првичните проценки, инвестицијата ќе чини околу 90 милиони денари. Во прилепската болница ќе се врши комплетна реконструкција на операционите сали и на сите тоалети, а ќе се менуваат и подовите. Вкупната инвестиција во овој проект е проценета на околу 40 милиони денари.