Претходна статија
Ќе се работи на физибилити студија за проширување на рекреативниот центар „Пелистер“
Следна статија
Започна втората фаза од изградбата на плоштадот „Скендербег“

Сè поизвесна туристичката зона кај Љубаништа

Објавено на 12.01.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Мапа на засегнатиот дел од Националниот парк „Галичица“Откако Управниот суд одзеде пет хектари земјиште во сопственост на Македонската православна црква (МПЦ) за да и го даде на државата, продолжуваат подготовките за остварување на идејата за реализација на туристичка зона кај охридското село Љубаништа. После одземањето на земјиштето, Владата пред Нова година донесе одлука за пренамена на околу 1,7 милиони метри квадратни земјиште од земјоделски површини во градежно земјиште. Според пишувањето на порталот „А1 ОН“, со ваквата одлука се врши трајна пренамена на земјиштето, на кое во моментов се одгледуваат разни земјоделски култури. Со овој чекор се остава простор за изготвување на урбанистички план, на кој ќе бидат предвидени маркички за изградба на хотели и друг вид на објекти.

 

Поглед на Љубаништа (извор: Извештај за стратегиска оцена на животната средина за урбанистичко-планската документација)И додека забрзано се подготвува терен за реализација на најавените туристичко – развојни зони кај Љубаништа, веќе е избрана консултантската куќа „Horwath i Horwath Consulting“ за изготвување физибилити – студија и мастер план за развој на овој простор во подножјето на Галичица. Истовремено, набрзина се изработи и Студија за влијанието на туристичката развојна зона „Љубаништа 1“ врз животната средина. Во близина на планираните хотели се наоѓаат строго заштитени зони на Националниот парк „Галичица“, додека биодиверзитетот на Охридското езеро е заштитен од страна на УНЕСКО.

 

Според досегашните најави на македонската влада, градежното земјиште во туристичките развојни зони ќе се продава по почетна цена од едно евро за метар квадратен.