Претходна статија
„Го сакам ГТЦ“ повикува на присуство на утрешниот настан
Следна статија
Седиштето на владата ќе добие и стилизирана ограда

Уште една атрактивна парцела во општина Центар оди на лицитација

Објавено на 28.12.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Министерството за транспорт и врски продолжува со продажба на градежно земјиште на територијата на општина Центар. На понуда, со почетна цена од 2.200 денари за метар квадратен, е парцела со површина од 14.100 метри квадратни во Градскиот парк, на која во моментов се наоѓаат фудбалските игралишта за тренинг на клубот „Вардар“. На локацијата помеѓу Националната арена „Филип Втори“ и Паркот на франкофонијата ќе се гради објект за спорт и рекреација со приземје и еден кат. Атрактивната градежна парцела ќе се отуѓи на електронско јавно наддавање што е закажано за 3 февруари 2015 година, додека пријавите за учество треба да се поднесат најдоцна до 28 јануари.  Сите заинтересирани треба да достават банкарска гаранција во висина од 150.000 евра за сериозност на понудата.

 

Општина Центар во февруари годинава поднесе барање до Министерството за транспорт и врски за располагање со државното градежно земјиште на нејзината територија, но до денешен ден не може да го оствари ова право на локалните самоуправи.

 

 

 

Бојан Блажевски