Претходна статија
Барокот на „Водовод“ оди под хипотека за да се доврши зградата
Следна статија
Странци го пикираат Вевчани како иден ски - центар

Граѓаните поднесоа 306.000 барања за откуп на своите дворови

Објавено на 22.12.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески на вчерашната владина седница информираше дека 306.000 барања поднеле македонските граѓани за регулирање на откупот на дворните места. Крајниот рок за доставување на овие барања истече минатата недела. Според владините пресметки, 234.000 барања се поднесени откако е донесен предлогот за откуп на дворните површини по едно евро за метар квадратен. Ставрески информираше дека веќе се решени 176.000 барања од граѓаните, додека во процедура се наоѓаат дополнителни 130.000 барања.

 

 

 

Од владата засега не излегуваат со конечни информации кога ќе се финализира постапката за откуп на дворовите од сите заинтересирани. Тие се надеваат дека во наредните две години ќе може да се одговори на сите пристигнати барања и притоа побараа трпение од сите поднесувачи за успешно да се заокружи проектот. Македонските граѓани имаа можност до 15 декември да поднесат барања за откуп на дворните места во рамки на своите објекти по цена од едно евро за метар квадратен.