Претходна статија
Преспанското езеро ќе почека на нормално уредена плажа
Следна статија
Приватен инвеститор ќе го гради новиот Драмски театар

Инвеститори ќе вложат во нови фабрики во Демир Капија

Објавено на 15.12.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Општина Демир Капија денеска продаде шест градежни парцели на три локации во близина на ова населено место. Една парцела со површина од 19.938 метри квадратни е наменета за изградба на откупно – дистрибутивен центар за земјоделски производи во месноста Шичка река, на четири парцели од месноста Попова кула ќе се градат објекти од лесната и незагадувачка индустрија, додека во близина на локалитетот Дошница ќе се гради станбена куќа. Вкупната површина на отуѓеното државно земјиште е 26.441 метри квадратни, а од неговата продажба локалната самоуправа ќе инкасира 1.926.567 денари или околу 31 илјади евра.

 

Инвеститорите најпрво ќе треба да ги уплатат паричните средства за земјиштето, по што е планирано да склучат договор за купопродажба со општината. Градежните дозволи за изградба на индустриските објекти ќе мора да ги обезбедат во рок од девет месеци, освен за локацијата за откупно – дистрибутивниот центар, за која е дозволен рок од 12 месеци.