Уставниот суд ги укина последните измени на Деталниот урбанистички план Мал Ринг што Општина Центар ги усвои на почетокот на годинава. Според уставните судии планот бил донесен по скратена постапка, односно според процедура од закон кој веќе не важел во времето на усвојувањето и немало услови да се примени стариот закон. Уставниот суд минатиот месец одлучи да ја поведе постапката, според иницијативата поднесена од страна на архитектот Мирослав Грчев. Пред Општина Центар останува отворена можноста повторно да го усвои истиот план преку повторување на процедурата со запазување на законските услови. Неодамна на уставен суд падна и урбанистичкиот план за локалитетот „Сончев Град“.
Форумска дискусија за ДУП Мал Ринг » овде