Претходна статија
Архитектите револтирани од „барокизацијата“ на комплексот факултети на УКИМ
Следна статија
„Бошков мост“ и „Луково поле“ се најдоа и пред Советот на Европа

Железница го скрпи возниот ред за 2015 година

Објавено на 09.12.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Нема никакви промени во возниот ред на македонските возови за наредната година. Од Македонски железници најпрво ќе ги дочекаат ветените нови возови, а дури потоа ќе размислуваат за воведување на дополнителни поаѓања меѓу градовите во земјава. Од недела, 14 декември 2014 стапува на сила новиот возен ред на возовите, кој е со важност до 12 декември 2015 година. На релацијата Скопје – Гевгелија – Скопје се предвидени три пара возови дневно, со поаѓање од Скопје во 4:45, 6:20 и 16:40 часот. Меѓу главниот град и Битола ќе сообраќаат четири пара возови дневно, со поаѓање од Скопје во 6:42, 14:30,16:55 и 20:00 часот, додека линијата Скопје – Кичево – Скопје ќе се одржува со два пара возови дневно, со тргнување од Скопје во 8:05 и 16:50 часот.

 

 

 

Од МЖ информираат дека на релацијата Скопје – Кочани – Скопје ќе сообраќа еден пар возови дневно, со поаѓање од Скопје во 15:22 часот, додека на релацијата Скопје – Табановце – Скопје ќе сообраќаат шест пара возови дневно. Како и секоја година, најмногу возови за патниците ќе има меѓу Скопје и Велес, линија која ќе се одржува со 12 пара возови во текот на едно деноноќие. Во делот на меѓународниот возен ред, предвидени се еден пар возови дневно кон Солун, со поаѓање од главниот град во 4:45 часот, два пара возови дневно кон Белград, со поаѓање во 8:20 и 22:14 часот, како и еден пар возови дневно кон Приштина, со тргнување од Скопје во 16:20 часот. Како новина за граѓаните кои имаат обврски во Солун или пак ги користат услугите на тамошниот аеродром, поаѓањето на возовите од овој грчки град е поместено неколку часа подоцна, односно тие ќе поаѓаат секој ден во 18:30 часот.

 

По потреба од патниците, Македонски железници – Транспорт предвидува и кушет – вагон на релација Скопје – Будимпешта – Скопје, кој факултативно би сообраќал со експресниот воз за Белград со поаѓање во 8:20 часот. На релацијата Скопје – Будимпешта – Скопје еднаш неделно ќе сообраќа и кушет вагон на Унгарските државни железници, во периодот од 12 јуни до 19 септември 2015 година. Со воспоставените железнички врски кон Белград, македонските патници ќе можат директно оттаму да патуваат кон Загреб, Љубљана, Цирих, Виена, Будимпешта, Букурешт и други европски градови.

 

» Форумска дискусија на оваа тема

 

 

Бојан Блажевски