Претходна статија
Се бараат инвеститори за изградба на хотели во Охрид и во Кратово
Следна статија
Мал Ринг падна на Уставен суд

Лицитација за земјиште во Маџари

Објавено на 30.06.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за транспорт и врски по пат на јавно наддавање продава 4.004 метри квадратни градежно земјиште во Општина Гази Баба, наменети за изградба на голема трговска единица. Парцелата е опфатена со Детален урбанистички план за дел од У.З. Маџари, урбан блок 3 (локалитет кино Маџари) и планот предвидува објект кој ќе се гради на 1.949 метри квадратни, со катност од П+1 и П+2 и висина до венец од 9,2 и 13,2 метри. Коефициентот на искористеност изнесува 1,26. Пријави за учество можат да се доставуваат најдоцна до 14.07.2010, а јавното наддавање ќе се оддржи на 21.07.2010. Почетната цена е утврдена на 6.000 денари за метар квадратен.