Претходна статија
Јавноста ќе го избира изгледот на плажите на Охридското езеро
Следна статија
Нови цркви предвидени на неколку локации во главниот град

Продолжува изградбата на затворениот базен во Куманово

Објавено на 24.11.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Иако камен – темелникот беше поставен пред три години, затворениот базен во во близина на градската спортска сала во Куманово сè уште се гради. Градоначалникот Зоран Дамјановски пред неколку дена за порталот „Куманово њуз“ изјави дека објектот периодов ќе биде целосно покриен, со што ќе преостане внатрешното и фасадното уредување. „Се надевам дека наредната година ќе се подобри финансиската состојба и ќе го завршиме проектот. Имаме и размислувања комерцијалниот дел да го дадеме на јавно – приватно партнерство или да го издадеме и со тие средства целосно да го завршиме базенот“, вели градоначалникот Дамјановски.

 

 

 

За оваа намена, општина Куманово во април годинава потпишала и дополнителен договор за изведување на градежни работи за реализација на спортскиот објект. На компанијата „Д.С. Галаб“ од Скопје е предвидено да и се исплатат 30.015.772 денари, односно околу 490 илјади евра. Вкупната цена на проектот изнесува околу 2,2 милиони евра, кои етапно се обезбедуваат од локалниот буџет. Покрај затворен базен, идниот спортски комплекс ќе има отворен спортски базен, спа – центар и простории за комерцијални дејности.