Претходна статија
Плоштад „ВМРО“ чека идеи за спомен обележјето и фонтаната
Следна статија
Продолжува изградбата на затворениот базен во Куманово

Јавноста ќе го избира изгледот на плажите на Охридското езеро

Објавено на 23.11.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Едно од идејните решенија за ЛагадинНајавените пет плажи долж крајбрежјето на Охридското езеро ќе бидат избрани по пат на електронска јавна анкета од страна на граѓаните. Министерството за транспорт и врски денеска соопшти дека гласањето ќе се врши преку нивната веб – страница, каде што може да се изврши увид во доставените идејни решенија. Станува збор за плажите кај Далјан, Извиднички камп, Лагадин, Љубаништа и Студенчишко блато. На јавната интернет – анкета може да гласа секој граѓанин. Победничките решенија за уредување на плажите ќе добијат награди во висина од по 200.000 денари,а на второрангираните и треторангираните ќе им следуваат по 100.000 и 50.000 денари.

 

Најавените плажи во најголем дел ќе се изградат до 2017 година. За секоја од нив, предвидено е да се постави нов песок, хортикултурно да се уредат, да се изведе урбана опрема и фонтани за вода, шанк, санитарни јазли, тушеви, детски игралишта, пешачки патеки, но и да се обележи просторот за капење во езерото. Од надлежното министерство се надеваат дека новите плажи ќе ја збогатат туристичката понуда на Охрид и на околните населени места.