Претходна статија
Подобрување на економската и финансиската состојба во градежниот сектор
Следна статија
Градежниците годинава со повеќе договори на странските пазари

„Гранит“ годинава со пад во добивката од дури 31%

Објавено на 14.11.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

„Гранит“ годинава ја заврши изградбата на спортскиот центар „Јане Сандански“„Гранит“ АД Скопје во првите девет месеци од 2014 година бележи негативен тренд во финансиското работење. Вкупната добивка на најголемата градежна компанија во земјава изнесувала 184.416.000 денари (околу 3 милиони евра) што е за 31% помалку во споредба со периодот јануари – септември 2013 година. Во неконсолидираниот биланс на успех се наведува дека оперативните приходи биле 2.498.829.000 денари (околу 40,5 милиони евра), односно се намалени за 33%. Истовремено, оперативните расходи се намалени за 34% и паднале на 2.315.225.000 денари (околу 37 милиони евра). Најголемо процентуално зголемување бележат финансиските расходи, каде што годинава постои зголемување од дури 58%.