Претходна статија
Ја бојкотираат ли архитектите наградата „АСК - Архитектура Скопје“?
Следна статија
„Гранит“ годинава со пад во добивката од дури 31%

Подобрување на економската и финансиската состојба во градежниот сектор

Објавено на 14.11.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Менаџерите од македонскиот градежен сектор се оптимистички настроени кон целокупната економска и финансиска состојба годинава. Според објавените податоци на Државниот завод за статистика, раководителите на деловните субјекти од градежништвото ја оценија економската состојба во третото тримесечје од 2014 година како поповолна во однос на претходното тримесечје, но и како поповолна во однос на истиот период лани. Истовремено, тие сметаат дека финансиска состојба на нивните деловни субјекти е поповолна во однос на претходното тримесечје, а истата била подобра и во споредба со идентичниот период од минатата година.

 

 

 

Во третото тримесечје од 2014 година, очекувањата за бројот на вработени во наредниот период се поповолни, оценката за тековната состојба со порачки е на исто ниво како и во претходните три месеци, очекувањата се дека вкупниот број на договори во наредното тримесечје ќе се намали, додека бројната состојба и квалитетот на механизацијата и опремата се над нормалата. Во наредниот период се прогнозира и намалување на продажните цени во градежништвото.

 

Македонските градежници сметаат дека најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на тековната градежна активност имаат следните фактори: зголемените финансиски трошоци (камати) со 16,6%, немањето на побарувачка со 15,8%, зголемените трошоци за материјали со 13,7% и конкуренцијата во сопствениот сектор со 11,6%.

 

 

Бојан Блажевски