Се зголемуваат зделките за реализација на градителски проекти во странските земји, но истовремено опаѓа бројката на извршени изведбени зафати во текот на првите девет месеци од годинава. Државниот завод за статистика во денешниот извештај посочува дека вредноста на договорените градежни работи во странство изнесувала 6.218.218 илјади денари или за 26,8% повеќе во споредба со периодот јануари – септември 2013 година. Истовремено, македонската градежна оператива на странските пазари извршила градежни работи во вредност од 833.999 илјади денари, што е за 32,1% помалку во споредба идентичниот период лани.
Во периодот јануари – септември 2014 година е забележан зголемен обем на извршени градежни активности во Италија, Хрватска, Швајцарија, Бугарија и Србија, додека на другите пазари има намален обем на работа. Како нови пазари за домашните градежници се јавуваат Косово, Австрија, Албанија и Црна Гора.
Бојан Блажевски