Друштвото за Градежништво „Бетон“ АД Скопје оствари позитивен финансиски биланс од своето работење во висина од 42.045.509 денари (околу 683 илјади евра) во периодот јануари – септември 2014 година. Вкупните приходи во првите девет месеци изнесуваат 1.884.325.221 денари (пораст од 0,01% во однос на истиот период од 2013 година), а расходите изнесуваат 1.842.279.712 денари (намалување за 0,11%). Со ваквите финансиски резултати, добивката на ДГ „Бетон“ АД Скопје е зголемена за 5,75% во споредба со првите девет месеци од минатата година.
* Панорамското тркало како еден од новите проекти што ќе ги гради скопски „Бетон“
„Бетон“ денеска го објави и консолидираниот биланс на успех, во кој е наведено дека добивката од неговото работење е 40.764.395 денари (околу 663 илјади евра), што претставува зголемување од 14% во споредба со периодот јануари – септември 2013 година. Во овој документ е вклучено и работењето на формираните друштва за експлоатација на минерални суровини, и тоа: „Бетон – Про“, „Бетон – Каменолом“ и Бетон – Рудник“ од Скопје.