Претходна статија
Во градовите крнтии, меѓу градовите ќе сообраќаат автобуси со европски стандарди
Следна статија
Уште една пропуштена година за гасоводот кон Неготино

„Принцес груп“ ќе инвестира во уште еден хотел кај преминот „Богородица“

Објавено на 10.11.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Градежната парцела кај граничниот премин „Богородица“, која беше отуѓена пред четири дена, ја купила компанијата „Принцес груп“. Општина Гевгелија денеска соопшти дека инкасирала 23,2 милиони денари, односно 375 илјади евра, од продажба на земјиштето кај локалитетот Милци со површина од 16.064 метри квадратни. Инвеститорот треба на локацијата да изгради хотелски комплекс, а како компатибилна класа на намена на земјиштето се големи трговски единици. Објектот ќе се простира на површина од околу 72.000 метри квадратни и ќе се издигне најмоногу до десет ката. Предвиден е рок од една година за обезбедување одобрение за градење, а изградбата треба да заврши најдоцна 10 години по добивањето на градежната дозвола.

 

„Принцес груп“ е сопственик на хотелот „Рамада Плаза“ и на казиното „Принцес“, кои се наоѓаат во непосредна близина на продадената локација, на спротивната страна од автопатот што води кон граничниот премин „Богородица“.