Претходна статија
„Принцес груп“ ќе инвестира во уште еден хотел кај преминот „Богородица“
Следна статија
Новиот скопски плоштад „ВМРО“ ги скара политичките партии

Уште една пропуштена година за гасоводот кон Неготино

Објавено на 10.11.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#И по 10 месеци од усвојувањето на Законот за изградба на магистралниот гасовод од кумановското село Клечовце до Штип, теренската реализација на овој важен проект не е започната. Во изминативе неколку месеци немаше показатели што би дале сигнал за евентуална подготовка за спроведување на проектот на дело. Нема информации за пристигната градежна механизација од изведувачот на градежните работи – руската компанија „Стројтрансгас“, ниту пак се објавија некакви податоци од македонските градежни компании околу изборот на домашни подизведувачи што би ги граделе цевките за пренос на гас.

 

Македонската страна преку Министерството за транспорт и врски си го заврши својот удел околу активностите за изградба на гасоводот уште пред неколку месеци. На крајот од јули годинава, беше потпишан договор за надзор над изградбата на ЛОТ 1 од националниот гасовод, на потегот од Клечовце до Штип во должина од 60,7 километри. Според податоците од веб – страницата на Бирото за јавни набавки, Друштвото за планирање, проектирање и инженеринг „Простор“ од Куманово ќе го врши надзорот, кој ќе го чини државниот буџет 103.014.000 денари или околу 1,7 милиони евра. За изведба на гасоводот кон Штип е предвидено да се издвојат финансиски средства во висина од 75 милиони долари, од кои Македонија е должна да обезбеди 15 милиони долари, а остатокот ќе се покрие со подмирувањето на рускиот клириншки долг кон земјава.

 

#Ветувањето за надградба на постоечкиот гасовод од границата со Бугарија кон Скопје е старо повеќе од една деценија. Неколку влади во минатото се обидоа да постигнат договор за реализација на проектот, притоа најавувајќи дека изградбата на гасоводната линија кон Неготино ќе се искористи и за модернизација на термоелектраната „Неготино“, која би го користела гасот за производство на електрична енергија. Наместо со рускиот клириншки долг да се покрие изведбата на целата траса во должина од стотина километри, Собранието на Р.М. во јануари годинава одлучи гасоводот засега да се гради само до Штип. Со остварувањето на овој инфраструктурен проект, рускиот гас што се пренесува преку Украина, Романија и Бугарија би се спровел до поголем број македонски корисници.

 

 

Бојан Блажевски