Претходна статија
Хотел и голем трговски центар ќе се градат кај преминот „Богородица“
Следна статија
Мирува изградбата на објектот „Градска куќа“

Штипски „Бетон“ за пет пати ја зголемил добивката

Објавено на 06.11.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градежната компанија „Бетон“ од Штип во првите девет месеци од годинава оствари за пет пати поголема добивка во споредба со истиот период лани. Од редовното работење е остварен профит во висина од 23.922.000 денари или околу 390 илјади евра. Оперативните приходи во периодот јануари – септември 2014 година изнесуваат 525.002.000 денари (околу 8,5 милиони евра) и истите бележат пораст од 80% во однос на периодот јануари – септември 2013 година. Од друга страна, оперативните расходи се зголемени за 73%, и достигнале 502.463.000 денари (околу 8,1 милиони евра).

 

 

 

Фирмата во објавениот извештај на Македонската берза наведува дека зголемената добивка во тековната година произлегува од „добрата организација во работата и учеството на сите вработени“. Штипски „Бетон“ во моментов работи на изведбата на класицистичката фасада на административно – деловниот објект на МЕПСО во строгиот центар на Скопје, а во претходниот период учествуваше во реализацијата на објектот на Археолошкиот музеј, на музејскиот комплекс „Македонска борба“ и во обновата на „Стариот театар“.