Претходна статија
Проширувањето на „Митрополит Теодосиј Гологанов“ доцни три месеци
Следна статија
Жителите на Центар не го сакаат „барокот“ на нивните згради

Заврши гасификацијата на болницата „8 Септември“ во Скопје

Објавено на 29.10.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По минатогодишната гасификација на Клиничкиот центар, гасот како енергенс во секојдневното функционирање од денеска ќе го користи и градската болница „8 Септември“ во Скопје. Министерот за здравство Никола Тодоров информираше дека комплетно е завршен процесот на гасификација на здравствената установа, со која на годишно ниво ќе се заштедат од 150.000 до 200.000 евра. „Со користење на мазутот се исфрлаа 40 тони сулфур диоксид годишно во главниот град, а со користењето на гасот нула. Ова ќе влијае позитивно на животната средина и на воздухот во Скопје“ изјави Тодоров.

 

 

 

Во проектот за гасификација на градската болница досега се инвестирани над 500.000 евра. На тој начин, гасот во иднина ќе се користи за затоплување на објектот со површина од 52.000 метри квадратни. Инсталираните нови котли може да работат и на гас и на мазут, наспроти старите кои го користеа единствено мазутот при. Здравствената установа во минатите години вообичаено користеше од 1.000 до 1.500 тони мазут годишно, најмногу во зимскиот период, но и во остатокот од годината.