Претходна статија
Пријавување за Големата годишна награда на ААМ
Следна статија
Саниран дел од Музејот на Македонија, отворена нова поставка

Скијачкиот центар Маврово со подновен пат ќе ја дочека новата сезона

Објавено на 24.10.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Активно се работи на реконструкцијата на патниот правец Маврово – Маврови Анови, и покрај неповолните временски услови. Во изминатиов период целосно се завршени градежните работи на 2,5 километри од трасата, поставено е осветлување во должина од 4 километри и изведена е пешачка патека од околу 3 километри. Во моментов се врши испитување на свлечиштето кај Белички канал, каде е планиран потпорен ѕид долг 35 метри. Заедно со рехабилитацијата, на одделни сегменти од патот се врши и негово проширување, и тоа онаму каде што истиот е потесен од шест метри.

 

#Обновата на коловозот се очекува да заврши до крајот на ноември. Според зборовите на директорот на ЈП за државни патишта Љупчо Георгиевски, доцни реализацијата на останатите делови од проектот за рехабилитација на патот, но сепак се очекува истиот да биде комплетиран до пропишаниот краен рок – февруари 2015 година. Проектот има финансиска тежина од 76 милиони денари (околу 1,2 милиони евра), обезбедени со заем од Светска банка. Покрај овој патен правец, ЈП за државни патишта има план за обнова и на патот од Бунец до селото Леуново, со што целосно би се реконструирал обиколниот пат околу Мавровското езеро.