Претходна статија
Охридскиот затворен пазар ќе чини над 3,3 милиони евра
Следна статија
Се најде инвеститор и за „барокната“ зграда на Македонски железници

Државата бара инвеститори за откупни пунктови за земјоделски производи во Пехчево

Објавено на 22.10.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Министерството за транспорт и врски денеска публикуваше оглас за продажба на пет градежни парцели со површина од 891 до 5.973 метри квадратни, за изградба на откупни пунктови за земјоделски производи во Пехчево, во месноста Подуево. Потенцијалните инвеститори на нив ќе можат да подигнат објекти со приземје и еден кат и максимална висина до 9 метри, а процентот на изграденост на парцелите се движи помеѓу 37,49% и 72,44%. Земјиштето ќе се продава на електронско јавно наддавање со почетна цена од 61 денар за метар квадратен. Заинтересираните треба да ги достават своите понуди најдоцна до 26 ноември, а лицитацијата ќе се одржи на 3 декември. Најповолните понудувачи ќе имаат рок од 9 месеци да обезбедат одобренија за градење и 10 години за изградба на објектите, сметано од денот на добивање градежна дозвола.