Претходна статија
Повторно се нуди големата парцела за трговски центар кај Богородица
Следна статија
Ставени потписи на спогодбата за клириншкиот долг на Русија - средствата ќе се искористат за гасификација на Македонија

Катни гаражи во Капиштец и Ново Маало

Објавено на 17.06.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Катна гаража во комбинација со деловен простор треба да никне на улицата Васил Ѓоргов во Капиштец, непосредно до трговскиот центар „Беверли хилс“. Министерството за транспорт и врски на јавно наддавање кое ќе се одржи на 23.07.2010 ќе продава 1.735 метри квадратни со почетна цена од 6.600 денари за метар квадратен. Објектот ќе смее да има висина до венецот од 10,5 метри, висина од венецот до слемето од 4,5 метри и максимална бруто развиена површина од 1.526 метри квадратни. Заинтересираните можат да се доставуваат пријави за учество најдоцна до 16.07.2010.


Министерството објави оглас за јавно наддавање и за парцела наменета исклучиво за катна гаража на улицата Светозар Марковиќ во Ново Маало. Се работи за површина од 2.270 метри квадратни, а според деталниот урбанистички план „Maџир Мало и Градска Порта“ таму е предвиден објект со висина до венецот од 16,2 метри, висина од венецот до слемето од 3 метри и максимален коефициент на искористеност кој изнесува 2,87. Почетната цена е утврдена на 3.800 денари за метар квадратен. Пријавите за учество можат да се достават до Министерството за транспорт и врски најдоцна до 05.07.2010, а јавното наддавање ќе се одржи на 12.07.2010.