Претходна статија
Нов обид да се најде купувач на парцела за хотел во општина Аеродром
Следна статија
Катни гаражи во Капиштец и Ново Маало

Повторно се нуди големата парцела за трговски центар кај Богородица

Објавено на 17.06.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

урбанистичкиот план вон населено место за „Повеќенаменски комплекс, Граничен премин Богородица“Ќе има нова лицитација за 23.088 метри квадратни државно градежно неизградено земјиште во општина Гевгелија, кај местото викано Милци.  Според урбанистичкиот план вон населено место за „Повеќенаменски комплекс, Граничен премин Богородица“ предвидено е таму да никне трговски центар, при што дозволени се и компатибилни класи на намена во однос на основната класа (Б2 – големи трговски единици) А4-15%, Б3-15%, Б4-5% и В3 -5%. Дозволената висина на објектот од нивото на заштитниот тротоар до венец изнесува 21 метар, додека максималниот коефициент на искористеност е 4,20 . Почетната цена повторно изнесува 2.000 денари за метар квадратен. Пријавите за учество можат да се достават до Министерството за транспорт и врски најдоцна до 26.07.2010, а јавното наддавање ќе се одржи на 30.07.2010.