Започнува процесот на обука на градежните работници за енергетска ефикасност, во рамките на проектот „Build Up Skills – Builders’ Energy Efficiency Training (BEET)“, кој претставува следна фаза по извршените анализи поврзани со енергетската ефикасност во градежниот сектор. Едукативните програми ќе овозможат обучување на градежните работници во пет занимања: фасадери, столари, техничари за греење, ладење и климатизација, кровопокривачи и електричари. „Проектот ќе овозможи 1.000 работници од овие пет занимања да бидат препознаени од постојните градежни работници и да добијат сертификат за претходно стекнато знаење и искуство од областа на енергетската ефикасност“ вели Јелисавета Георгиева, извршен директор на Стопанската комора на Македонија. Со обуките ќе бидат опфатени и 200 тренери и 50 компании, кои ќе можат да вршат трансфер на знаење во иднина.
Проектот има буџет од 400.000 евра и истиот ќе се спроведе во наредните 20 месеци, односно ќе треба да заврши до март 2016 година. Покрај Стопанската комора на Македонија, како координатор на овој проект се јавуваат и Здружението на бизниси и консултанти „Креација“, Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ, ЦеПроСАРД, Факултетот за бизнис економија и Центарот за образование на возрасните на Република Македонија.