Претходна статија
Пуштено е во употреба патното одмориште на Лукоил на автопатот Скопје - Тетово
Следна статија
Југозападниот бедем на „Кале“ е готов, на ред е Киклопскиот ѕид

До крајот на месецов ќе биде отворена катната гаража кај ТЦ „Бисер“

Објавено на 14.06.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Привршуваат градежните активности кај катната гаража помеѓу трговскиот центар „Бисер“ и „Мекдоналдс“ во општина Аеродром. До крајот на месецов се најавува нејзино ставање во функција, а со тоа ќе се добијат нови 219 паркинг места во овој реон кој има хроничен недостаток на паркинг простор. Објектот со висина од 10 метри има 4 надземни и 3 подземни нивоа со вкупна корисна површина од речиси 10.000 метри квадратни. Паркирањето ќе се изведува преку пристапни рампи на 13 полунивоа, додека на најгороното полуниво е предвиден деловен простор. Инвестицијата е тешка околу 1,5 милиони евра, а инвеститори се АДГ „Илинден“ и АДГ „АБ“, кои исто така го изработија проектот и ги изведуваа градежните работи.


Изградбата започна во април 2008 со дислокација на подземната инфраструктура, при што беа поместени цевки за парно греење, електрични водови и водоводни цевки. Оваа парцела со површина од 2.240 метри квадратни беше актуелизирана уште во 2006 година. Тогаш за најповолен понудувач на првиот конкурс за изградба на катна гаража беше избран „Бетон-Штип“, но договорот беше поништен бидејќи фирмата во предвидениот рок не ги уплати парите за користење на земјиштето. „Илинден“ го доби земјиштето на 40-годишен закуп на јавно наддавање одржано на 14 февруари 2007. Почетната годишна цена за метар квадратен беше 50 денари, а на крајот достигна 1.950 денари.


Форумска дискусија за овој проект » овде


###

Сообраќајниот пристап во објектот##

##Дневна светлина е обезбедена за сите три подземни нивоа

###

#Детектор за гасови„Спринклер“ систем