Претходна статија
Охридското пристаниште ќе се поврзува со Канео преку нова патека
Следна статија
Струмица подготвено го дочекува зонското паркирање

Четири реновирани дуќани за занаети во Старата скопска чаршија

Објавено на 30.09.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски и министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска денеска ги предадоа во употреба реновираните четири дуќани и една заедничка просторија (продажен салон) во Старата скопска чаршија, лоцирани на улица „Пушкарска“ кај Музеј на Македонија. Во локалите ќе се продаваат производи од старите традиционални занаети во изумирање. „Дуќаните се комплетно реновирани, ставен е нов под, сменета е комплетно електриката и водоводната инсталација, сменета е и столаријата, а по распишаниот конкурс, Градот Скопје сите дуќани со меморандум за соработка им ги предаде на 5-годишно користење на Македонската артисанска трговска асоцијација (МАТА)“ изјави Трајановски.

 

* Извор на фотографија: Град Скопје

 

 

МАТА е должна да ги опреми, менаџира и сервисира дуќаните, како и да ги плаќа сметките за електрична енергија, вода и други режимски трошоци, а ќе биде ослободена од плаќањето кирија на Град Скопје. Од реконструираниот простор во чаршијата, еден дуќан е сувенирница, вториот ткајачница, третиот грнчарница, а четвртиот јувелирница или дуќан за изработка на филигран (сребро и злато). Заинтересираните поединци во иднина ќе можат да посетуваат обуки и работилници за аматерско или професионално изучување на овие занаети, додека во самиот простор ќе се организираат и наменски настани. За реализација на овој проект од градскиот буџет беше издвоен износ од 3.580.000 денари.